29 годишниот
напаѓач на Вулверхемптон, Раул Хименез се изгради во еден од најдобрите
напаѓачи во Премиерлигата, претходниот месец стави и потпис на нов договор со
клубот од „Молењу“ со кој се обврза на верност до 2024. Година, а на тој начин
стави и крај на шпекулациите кои го поврзуваа со Манчестер јунајтед, но и
Јувентус, шпекулации кои биле точни, а ги потврди и самиот тој.
„Еден ден
Јувентус пријави интерес за мене, друг Манчестер јунајтед, и од тоа што јас го
знам е дека беа воспоставени контакти, но, никогаш не беше постигнат договор,
ниту пак ситуацијата беше близу до трансфер, среќен сум во Вулверхемптон“
изјави Мексиканецот.
„Вистината е таа,
среќен сум во овој клуб, никогаш не е погрешно да бидете на место каде што се
чувствувате среќно, сепак, тоа не се оствари тогаш, можеби ќе се оствари во
друго време, можеби ќе се случи кога би било најдобро за мене, за Вулверхемптон
и тимот каде би се преселил, но, сега сум среќен тука, ме сметаат за важен
фудбалер во тимот“ додаде напаѓачот.
Хименез на 84
натпревари во дресот на Вулверхемптон досега успеа да постигне 34 погодоци.