Мадисон ја откри причината која стои зад начинот на прославата на погодоците

by
1 минути читање

Џејмс Мадисон
откри дека гестикулацијата со буквата „А“ при прославата на погодоците која ја
изведуваат неколку ѕвезди од Премиерлигата всушност е дел од една тајна група
на „ВатсАп“ помеѓу фудбалерите.

Фудбалерот од
средниот ред на Лестер, заедно со фудбалерот на Челси, Бен Чилвел, како и Џек
Грилиш, Рос Баркли и Џон МекГин од Астон Вила, односно Деле Али од Тотнем, сезонава
гестикулираа на ист начин при прославата на своите голови, а Мадисон ја открива
и причината зад тоа.

Имаме мала група
која се нарекува „Одмазници“ (
The Avangers), таму се Грилиш, Баркли, Али и МекГин“ вели Мадисон.

Инаку претходно
медиумите на Островот известија дека начинот на кој ги прославуваат погодоците
претходно наведените фудбалери се однесува на навивачот на Челси, Ендру Вуд кој
почина во октомври, меѓутоа на крајот тоа излезе како погрешна шпекулација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани