Упамекано уште во јануари би можел во Ливерпул

by
1 минути читање

Шампионот на
Премиерлигата, Ливерпул веќе составил листа на желби за јануарскиот преоден рок
во однос на засилувања во дефанзивната линија, особено по последната повреда на
Џо Гомез за време на интернационалната пауза.

Од претходно
познато е дека Вирџил ван Дајк се повреди и за него сезоната е веќе завршена, а
до декември ќе отсуствува и Трент Александер-Арнолд, во однос на Гомез, постои
надеж дека сезоната за стоперот не е завршена.

Со оглед на
целата оваа ситуација во дефанзивната линија на Ливерпул, Јирген Клоп се чини
дека е приморан да донесе засилување во својот тим на таа позиција, а како што
известува „Атлетик“, стоперот на Лајпциг, Дајот Упамекано котира највисоко на
листата на желби кај Премиерлигашот.

Од медиумот
додаваат дека Клоп првично имал план да го обезбеди потписот на 22 годишниот
фудбалер по крајот на сезоната, секако ако Ливерпул издејствува добро во
преговорите, но, се чини дека долгата листа на повредени во одбраната ќе го
натера Германецот да побара од клубот да реагира уште во јануарскиот преоден
рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани