Синоќа Герет
Саутгејт се реши за една доста интересна замисла во начинот на одредување на
фудбалерите кои ќе настапат против Ирска на контролниот меч кој се одигра на „Вембли“
арената во Лондон.
Англија настапи
во комбиниран состав со ѕвездите во надоаѓање како Грилиш, Сака, Џејмс, а место
во тимот имаше и за Доминик Калверт-Луин, па иако „Гордиот албион“ славеше
убедливо со 3-0, пристигна една загрижувачка вест од тој натпревар, па иако не е ист случајот, јавноста за момент се присети на оној на Домагој Вида.
Хаос на мечот помеѓу Турција и Хрватска, Вида бил позитивен на коронавирус а играл 45 минути
Фудбалерот од
средниот ред на Престон, како и репрезентативец на Ирска, Алан Браун е
позитивен на тестирањето за коронавирус откако ги одигра сите 90 минути на „Вембли“,
веднаш е изолиран од останатите во тимот во пресрет на дуелот со Велс во Кардиф
предвиден да се одигра утре.
Браун е втор
репрезентативец на Ирска кој е позитивен на тестирањето за ковид-19, откако
претходно таков резултат доби и напаѓачот на ВБА, Калум Робинсон.
Ова е секако
загрижувачка вест за составот на Герет Саутгејт кој во недела гостува кај
Белгија, за три дена потоа на домашен терен да ја пречека селекцијата на
Исланд, меч за кој на Островот се уште немаат решение околу тоа каде ќе го одиграат.