59
За време на репрезентативната должност кон Египет, Мохамед Салах бил тестиран позитивно на ковид – 19.
Веста ја потврди Египетската фудбалска федерациа и соопшти дека останатите членови на репрезентацијата се негативни.
Салах сега е во самоизолација и ќе ги пропушти наредните два натпревари на Ливерпул.
Тие го пречекуваат Лестер во сабота на 21 ноември, а во среда на 25 ноември, истото така на Енфилд играат меч против Аталанта во Лигата на шампионите.
Салах има одличен старт на сезоната со осум голови на осум натпревари.