Интер во офанзива за Милик и Максимовиќ

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, Интер би можел да го ангажира Арек
Милик уште во јануарскиот преоден рок, или на крајот од актуелната сезона, а „Нероаѕурите“
веќе пријавиле сигнали за ангажман и на Никола Максимовиќ кој исто може да го напушти
Наполи како слободен играч на трансфер пазарот.

Обајцата членови
на Наполи се во последната година од својот договор со Наполи, а „Тутоспорт“
наведува дека во Интер се подготвени да реагираат брзо за да ги обезбедат
нивните потписи.

Милик е долго време
опција на тимот од Милано, а полскиот напаѓач наводно е очаен во намерата да го
напушти Наполи уште во јануари, откако беше „отпишан“ од списокот на фудбалери
за Серија А, но и за Лига Европа.

Од друга страна,
шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте е во потрага по нов централен
дефанзивец, а Никола Максимовиќ котира високо на листата на желби кај
италијанскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани