Гомез успешно опериран, постои надеж дека сезоната за стоперот не е завршена

by
1 минути читање

Стоперот на
актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата, Џо Гомез минал успешна
операција на своето колено откако се здоби со повреда за време на репрезентативните
обврски.

23 годишниот
фудбалер се повреди за време на тренингот на селекцијата на Англија, а ниту
еден од неговите соиграчи во тие моменти не бил околу него, што говори дека
повредата настанала по некој несреќен момент за стоперот.

На Островот
известуваат дека Гомез не претрпел повреда на лигаментите, а денеска
операцијата на левото колено минала успешно, за што потврдија и од Ливерпул,
екипа која има катастрофален биланс на повредени во својот состав, особено во
одбраната каде вон комбинација за настап се Трент Александер-Арнолд (до крајот
на декември), Вирџил Ван Дајк (цела сезона), како и последниот Џо Гомез.

Секако дека сега
прашање е колку ќе отсуствува Гомез во периодот кој претстои, а на оваа тема „Скај
Спортс“ пишува дека докторите го увериле стоперот дека сезоната за него
практично не е завршена, односно дека постои надеж тој да се врати за не толку
долг период на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани