117
Капитенот на „кралевите“ ја одработува последната година од договорот, но преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место.
„Во моментов не сум оптимист“ – вели новинарот Кристобал Сорија во гостување во емисијата „Ел чирингито“.
„Секогаш им го посакувам најдоброто на моите пријатели и добро знам колку е опседнат Серхио Рамос со останување во Реал мадрид, но во овој момент, тој е поблиску до заминување отколку до останување. Ако треба да кажувам проценти, би рекол дека шансите за заминување се 80%, односно 20% дека ќе остане“.
„Работите се комплицирани, за 48 дена Серхио Рамос слободно ќе може да потпише за друг клуб, и се чини дека само претседателот на Реал Мадрид не го знае тоа“.