„Црвените“ практично
до крајот на сезоната ќе мора да се снаоѓаат без Вирџил ван Дајк, но како тоа да
беше малку, па денеска на тренинг со Англија се повреди и Џо Гомез. Детелните
тестови ќе кажат за што точно се работи, но се стравува за слична повреда,
односно дека настрадале лигаментите на коленото.
„Не можам да
кажам колку сериозна е повредата, треба да се направат тестови. Но тој имаше
прилично голема болка, немаше никој околу него кога се повреди и ова воопшто не
ми се допаѓа“ – вели селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
„Се надевам дека
не е она на кое сите мислиме, но ситуацијата не е добра. Не можеме да
шпекулираме, можеме само да се надеваме и да се молиме дека не го чека долга
пауза“.