64
Тотнем нема да
губи време со 28 годишниот Сон, актуелниот договор на Кореецот истекува во 2023. година, а
со истиот, фудбалерот има неделна плата од 140,000 фунти, но со новиот договор
платата на фудбалерот значително ќе се зголеми.
Од клубот од
Лондон се отворени за преговори со претставниците на Сон околу новиот договор,
со тоа што Кореецот ќе треба да стане еден од најплатените фудбалери во
составот на Спарси според новите услови.
Како што пишува „Гардијан“
преговорите помеѓу обете страни ќе почнат наскоро, а се верува дека на Сон ќе
му биде понудена неделна плата во висина од 200,000 фунти, а новиот договор би
бил со важност до 2025 или 2026. година.