Манџукиќ ќе и се приклучи на Селта?

by
1 минути читање

34 годишниот
Марио Манџукиќ е без ангажман веќе неколку месеци откако во летото му истече
договорот со клубот од Катар, Ал-Духаил, а се најавува дека Хрватот ќе се
приклучи на Селта Виго, откако претходно ја одби можноста да биде дел од Астон
Вила или Вест Хем.

Фактот што хрватскиот
напаѓач е слободен играч на трансфер пазарот му овозможува да потпише за било
која екипа и вон преодниот рок, а освен Астон Вила и Вест Хем, постоеше интерес
за неговите услуги и од страна на Беневенто и Фиорентина.

Како и да е, во
Шпанија наведуваат дека Селта е во напредни преговори со Манџукиќ кој наводно
веќе покажал интерес за реализација на тој трансфер.

Очигледно е дека
на Селта сезонава и претстои битка за опстанок во Примера откако по првите
девет кола во новата сезона оваа екипа запиша само една победа, а има уште
четири ремија и исто толку порази, со што е на една позиција пред зоната за
испаѓање во моментов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани