405
Играчот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз е среќен во Милан и импресиониран од Златан Ибрахимовиќ.
„Тој има исто години колку татко ми, но продолжува да прави разлика. Во фудбалот годините не се важни и тој го покажува тоа. Имаме многу добра конекција, ми дава доби совети и одлично функционираме“, вели Брахим Дијаз.
„Тој е победник. Со него никогаш не може да не правите ништо на тренинзите, постојано треба да работите. Тој ми вели „уште не си завршил, сега треба да правиш стомачни со мене“.
„Среќен сум во Италија, брзо се адаптирав. Во моментов сме прво место на табелата, играме одлично и треба да продолжиме така. Сега не размислувам за враќање во Реал Мадрид“.