Лацио се најде под лупа од јавноста откако се појави сомневање за фалсификување на тестови за ковид-19, а полицијата веќе упадна на
тренинг центарот на клубот, како и во просториите на лабораторијата во Авелино
од каде биле вршени тестирања на фудбалерите за евентуално присуство на коронавирус.
Проблемот настана
откако неколку фудбалери на Лацио беа негативни на тестирањата во
лабораторијата „Футура Дијагностика“, меѓутоа добија позитивни резултати на
тестирањата од УЕФА и друга лабораторија
во Рим.
Адвокатот на
италијанскиот прволигаш, Џан Мишел Џентиле уверува дека клубот нема никаква
поврзаност со случајот во Авелино.
„Лацио нема
никаква поврзаност со случајот во Авелино, а доколку дојде до такво нешто,
сигурно дека клубот би бил повредена страна во случајот“ изјави Џентиле.
„Доколку дојде до
судска постапка, насоките ќе бидат кон сопственикот на лабораторијата во
Авелино, а доколку некои тестирања се докаже дека нуделе погрешни резултати,
тогаш Лацио и неговите фудбалери би биле повредена страна во едно такво
сценарио“ додаде тој.
„Како ли некој би
можел да помисли дека ние би испраќале фудбалер кој е позитивен на ковид-19 на
теренот? Тој би можел да го зарази целиот тим и да ја влоши ситуацијата уште
повеќе една седмица потоа“ запраша адвокатот на римскиот клуб.