Албанија понуди спас на Англија да не загуби службено во Лигата на нации

by
1 минути читање

Исланд пред натпреварот против Англија треба да гостува во Данска. Британските власти донесоа одлука за забрана за влез во земјата на луѓе кои престојувале во Данска поради тоа што во оваа скандинавска земја се појавила некоја нова мутација на коронавирус.

Фудбалерите на Исланд нема да добијат дозвола да влезат во Англија, а тоа значи дека Гордиот албион може службено да го загуби натпреварот.

Албанија и понудила на Англија натпреварот против Исланд да го игра во Тирана на новиот стадион „Ер Албанија“.

Доколку властите во Британија не направат некој исклучок, Англија ја разгледува можноста да го игра мечот на неутрален терен, а Албанија е една од опциите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани