Герет Бејл може
во целост да го комплетира трансферот во Тотнем за само 15 милиони фунти,
откако во Реал Мадрид наводно паднала одлука да се намали претходно бараната
цена за Велшанецот.
31 годишниот
офанзивец досега запиша шест настапи во составот на Жозе Мурињо по враќањето во
Тотнем, а полека но сигурно се враќа во својата препознатлива форма и делува
дека клубот од Лондон ќе има бенефит од него во триото во нападот составено
уште од Кејн и Сон.
„Мундо Депортиво“
наведе дека цената која Спарси ќе треба да ја издвојат за целосно да го откупат
договорот на фудбалерот сега изнесува 15 милиони фунти, откако во Реал Мадрид
паднала одлука и дефинитивно да го решат случајот со Бејл засекогаш.
Од досега
договореното помеѓу обете страни, Бејл во Тотнем е предвидено да игра на
едногодишна позајмица, со тоа што платата ќе му ја плаќаат двата клуба по
половина, а Велшанецот има важечки договор со „Кралевите“ до 2022. година, па
наведената сума од 15 милиони фунти сигурно е своевиден попуст од страна на
шпанскиот гигант.