Фернандо Сињорини
бил сведок и на најдобрите и на најлошите моменти на Диего Марадона и има многу
приказни од времето поминато со еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Тој сега раскажа
како Диегo Марадона му понудил кокаин и го поканил да се забавува со неговите
пријатели.
„Го фатив за рака
и му реков, „Што правиш?“. Тој потоа ме покани да земам кокаин со нив. Го
прашав, „Што ќе ми е?“, а тој одговори, „Пробај па ќе видиш“. Му порачав, „Не, заборави“.
Продолжи да ме убедува, „Зошто да не пробаш?“. Му кажав дека кога сум среќен,
сакам да знам зошто сум среќен, и кога сум тажен, сакам да знам зошто сум
тажен“ – вели Сињорини.
„Исто така, за
постојано да користите кокаин ви требаат пари а јас не сум Марадона, јас сум
фитнес тренерот на Марадона“.