Ансу Фати ќе отсуствува четири месеци

by
1 минути читање

18 годишниот Ансу
Фати беше заменет на полувремето од мечот со Бетис, а Барселона на својот
официјален клупски сајт потврди дека операцискиот зафат над фудбалерот денес
минал успешно, а од таму објавија и колку ќе паузира фудбалерот.

Како што
појаснуваат од клубот, Фати ќе отсуствува од терените околу четири месеци, а
тинејџерот во новата сезона беше и повеќе од активен откако одигра десет меча,
седум во Примера, како и три во Лигата на шампионите, со што заокружи бројка од
596 минути на терените каде постигна пет погодоци, односно додаде уште две
асистенции.

На само 18
години, Фати досега запиша 43 натпревари во дресот на Каталонците во кои
генерално постигна 13 погодоци, а додаде и три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани