Гравина загрижен: Италија не остава добар впечаток во меѓународни рамки

by
1 минути читање

Првиот човек на
италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина вели дека Италијанската фудбалска
федерација се соочува со санкции поради фактот што некои локални здравствени
власти не им дозволиле на фудбалерите да им се приклучат на своите национални
репрезентации.

Фудбалери на
Лацио, Рома и Фиорентина не добија дозвола да патуваат откако произлегоа нови
случаи на коронавирус во нивните екипи, а на фудбалерите на Интер им беше
дозволено да патуваат, но со приватни летови.

Загрижен сум
поради лошата координација од некои локални здравствени власти, бидејќи
создавањето пречки на фудбалери кои се во можност да играат за време на
интернационалната пауза може да доведе до санкции
“ вели Гравина.

Ние континуирано
сме во тесна соработка со министерствата, а од оваа гледна точка, Италија не
остава добар впечаток во меѓународни рамки
“ додаде тој.

Сево ова го
велам со горчина и жалење, ние сме единствената Федерација во Европа која има
проблеми од ваков тип
“ заклучи Гравина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани