84
Падна првата
тренерска жртва во Примера, Селта утрово се раздели со Оскар Гарсија.
„Оскар Гарсија и
неговиот тренерски персонал повеќе нема да седат на клупата на Селта. Клубот
сака да им се заблагодари за работата, професионалноста и напорот во годината
помината на кормилото и обезбедениот опстанок во една комплицирана сезона.
Селта исто така сака да им посака многу среќа во иднина на професионално и
лично поле“ – гласеше известувањето.
Оскар Гарсија седна
на тренерското столче на Селта во ноември минатата година, а во јуни беше
награден со нов двегодишен договор.
Сепак, лошиот
старт на новата сезона и само една победа од девет натпреварот значеше отказ.