Во Италија
известуваат дека во Интер се доста револтирани поради начинот на кој изреагира
националниот тим на Белгија околу напаѓачот Ромелу Лукаку.
Селекторот на
Белгија, Роберто Мартинез испрати повик до напаѓачот за претстојната
интернационална пауза, и покрај фактот што Лукаку не е во целост подготвен, а
ги пропушти натпреварите со Парма и Реал Мадрид.
Интер на маки, доколку ризикува со Лукаку, напаѓачот ќе биде на располагање на Белгија
Очекувањата беа
Лукаку да биде најмалку на клупата за резерви за претстојниот меч со Аталанта
во недела, а Интер се најде во една доста незавидна ситуација каде од една
страна мора да ризикува да не игра со Лукаку на тоа гостување за да не биде
повикан од својата селекција, или да го вметне во комбинација со што практично
ќе значи дека е рехабилитиран од повредата, по што Белгија во еден таков случај
ќе има причина плус да реагира.
Како и да е,
Мартинез веќе испрати повик до Лукаку, а „Тутоспорт“ пишува дека во Интер се
надеваат дека најмалку што може да очекува од Белгија е тоа да напаѓачот веднаш
по мечот со Англија да биде вратен во Милано, со што би бил поштеден од
несакани компликации.