Херојот на Ајакс: Во 4 часот попладне дознав дека ќе играм

by
1 минути читање

Душан Тадиќ
постигна гол, а воедно запиша и асистенција во победата на Ајакс на гостувањето
кај Митјиланд во третото коло од групите во Лигата на шампионите, а доста
неизвесна беше ситуацијата околу Србинот за тоа дали ќе патува во Данска.

Како што е
познато, во Данска на сила се стапени ригорозни рестрикции околу заштитата од
коронавирусот, а Тадиќ во понеделникот беше позитивен на вирусот, за веќе
идниот ден да дознае дека е негативен.

Во четири часот
попладне дознав дека ќе играм, сето тоа беше дополнителна мотивација за мене,
професионалци сме, мораме секогаш да бидеме подготвени
“ рече Тадиќ по мечот.

Ова беше
навистина тежок меч, сличен на оној со Аталанта, сепак, заврши добро, според
планот, но сигурно ќе претстои анализа за да бидеме уште подобри, трите бода се
најважни во овие моменти
“ додаде тој.

По ремито со
Аталанта, односно поразот од Ливерпул, како и победата кај Митјиланд, Ајакс е
на делба на второот место заедно со Аталанта во групата „Д“, каде максимален
учинок во моментов има Ливерпул, Митјиланд е последен и без бодови засега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани