Дали е ова најбизарниот жолт картон во кариерата на Суарез? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид
не успеа да ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Локомотив Москва
во третото коло од Лигата на шампионите, па се врати само со бод, откако кратко
траеше радоста по водечкиот гол.

Сигурно дека „Јорганџиите“
се разочарани од исходот, а Луис Суарез во очајни обиди посакуваше брзо да ја
види ситуацијата кога на домаќините им беше доделен пенал откако Ектор Ерера
играше со рака во казнениот простор.

Откако главниот
арбитар на пресметката Бено Бастиен отиде крај мониторот да ја проследи таа
ситуација на мониторот, истото го стори и Суарез по него, меѓутоа по реакција
на линискиот судија кон Уругваецот, нему веднаш му беше доделен жолт картон
поради неспортско однесување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×