Дембеле се сели во Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Манчестер јунајтед се
наоѓа во прогресивни преговори со Барселона околу можниот трансфер на Осман
Дембеле на „Олд трафорд“.

Од Манчестер
јунајтед понудиле едногодишна позајмица на младиот Французин, а од друга страна
пак, Барселона посакува фудбалерот да си замине уште во овој преоден рок, барем
според пишувањата на „Дејли рекорд“.

Барселона е
подготвена да се раздели со 23 годишниот офанзивец дури и на позајмица, меѓутоа
единствено доколку постои обврска на спротивната страна да се откупи неговиот
договор по крајот на позајмицата.

Дембеле потпиша
за Барселона по трансферот вреден 105 милиони евра од Борусија Дортмунд во
2017. година, а овој потег на Каталонците се покажа како едно големо
промашување во кое се придодаде и спорниот карактер на младиот фудбалер.

Истовремено, „Дејли
рекорд“ додава дека извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд
веќе преговарал со челниците на Барселона околу можноста да се реализира овој
трансфер на фудбалерот кој има годишна плата во Барселона во висина од 6
милиони евра, како и договор кој истекува во 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×