Ракитиќ отворено: Никогаш не бев близок пријател со Меси или Суарез во Барса

by
1 минути читање

Иван Ракитиќ
признава дека никогаш во текот на својот престој во составот на Барселона не
бил близок пријател ниту со Лионел Меси, ниту пак со Луис Суарез, а претходно
низ медиумите се шпекулираше дека тој не бил во добри односи со двоецот ѕвезди
на Каталонците.

Јас го кажав
своето, мојот однос со нив никогаш не бил како блиски пријатели, верувам дека
тоа е исклучително тешко во група од 23 или 24 фудбалери
“ вели Ракитиќ.

Моите најблиски
пријатели беа Андрес Иниеста, Марк-Андре тер Штеген, Кевин-Принс Боатенг, како
и Жуниор Фирпо во последната сезона, но, ги почитувам сите, сите ми беа
соиграчи шест години и беа навистина од големо значење з аклубот, имам почит
кон сите
“ додава Хрватот.

Вп текот
карантинот поради коронавирусот, сите ние бевме доста блиски, функциониравме
речиси како соседи, премногу сум им благодарен на сите за третманот кој го
добив изминативе години
“ заклучи фудбалерот од средниот ред кој за Каталонците
на 200 одиграни меча успеа да постигне 25 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани