168
Луис Суарез пред
неколку недели постигна договор со Јувентус за преселба во Торино, но „старата
дама“ немаше место за фудбалери надвор од ЕУ, па напаѓачот започна процедура за
добивање италијански пасош и беше во Перуџа да полага тестови.
Трансферот
пропадна, но медиумите од Италија сега пишуваат за скандал. Пронајдени се
одредени нерегуларности во тестот на Луис Суарез па полицијата и обвинителството
отвориле истрага.
Наводно
Уругваецот однапред го добил тестот, односно биле договорено какви прашања тој
ќе добие и какви одговори треба да даде. Дури предвреме се знаеле и бодовите
кои ќе му бидат доделени на фудбалерот.