Чудна одлука: Куман не смета на најталентираниот играч од школата на Барса, му кажал да си бара нов клуб

by
1 минути читање

Холанѓанецот
откако го превзеде кормилото на Барса почна да прави чистка и ги извести Луис
Сеурез, Артуро Видал и Иван Ракитиќ дека треба да заминат. На списокот има уште
неколку играчи, кои немаа минутажа минатата сезона или пак беа на позајмица.

Последните
информации од Каталонија говорат за чудна одлука, односно Роналд Куман решил да
го шкртне и младиот Рики Пуџ, кој важи за
еден од најталентираниот играч од школата
на Барселона
, и заедно со
Ансу Фати се најавуваа како идни ѕвезди на клубот.

21 годишниот фудбалер од средниот ред доби
сериозна шанса од Кике Сетиен, се очекуваше да продолжи да напредува во новата
сезона, но Роналд Куман го известил дека до крајот на преодниот рок треба да си
најде нов клуб.

Рики Пуџ не се
вклопува во формацијата 4-2-3-1 која планира да ја користи Роналд Куман, односно
пред него има неколку играчи како Серхио Бускетс, Френки Де Јонг, Миралем
Пјаниќ и Карлес Алења.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани