Клоп знае дека мора да има широк ростер, Ливерпул плаќа 35 милиони фунти за резерва

by
1 минути читање

„Црвените“
попладнево го потврдија трансферот на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен вреден
20 милиони фунти, плус додатни пет милиони фунти во бонуси а во брзо време може
да пристигне ново соопштение од „Енфилд“.

Како што пренесуваат
неколку извори од „островото“, Ливерпул е на чекор до потпис со Диего Жота.

Јирген Клоп знае дека мора да има широк ростер, сака да донесе офанзивец, се
споменуваше името на Исмаила Сар од Вотфорд но Германецот на крајот решил да го
донесе Португалецот од Вулверхемптон поради неговата сестраност и можност да игра на неколку позиции.

23 годишниот Диого Жота ќе биде замена за Мохамед Салах и Садио Мане, и опција плус во нападот. 

Преговорите се во
тек и се шпекулира со трансфер од 35 милиони фунти. Како дел од зделката,
младиот Ки Јана Хоевер од „Енфилд“ ќе се пресели на „Молињу“ за 10 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани