174
Биелса настапи главно со играчи кои не играат против Ливерпул, па Алиоски доби шанса од првата минута и го одигра целиот меч.
Хал водеше со гол на Вилкс уште од петтата минута, овој резултат беше актуелен се до судиското продолжение. Кога се чинеше дека тие ќе победат во регуларниот дел, Алиоски постигна гол во 93. минута за конечни 1-1.
Следуваа пенали, Алиоски беше втор изведувач и не успеа да погоди. Пеналите имаа дури десет серии, на крајот промаши уште еден играч на Лидс, Шаклтон по што можеше да почне радоста на Хал.