Лион: Барселона нема пари да го купи Депај

by
1 минути читање

Медиумите од Холандија денеска го најавија Мемфис Депај како засилување за Роналд Куман. Се пишуваше дека Барса и Лион договориле трансфер од 30 милиони евра и напаѓачот до крајот на неделата ќе стане нов член на „каталонците“.

Сепак, неколку извори подоцна објавија дека се уште нема договор, а вечерва, гласините ги прокоментира и првиот човек на Лион, кој се огласи на Твитер.

„Претседателот на Барса во неделата ми кажа дека Барса е погодена многу од коронавирус кризата и во моментов невозможно е да достават понуда“ – гласеше пораката на Жан Мишел Ола заедно со веста во која се вели дека Мемфис Депај оди во Барса за 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×