Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болница

by
1 минути читање

Поранешниот претседател
на Милан, моментално на Монца, Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од
болницата каде имаше третман поради заразеност со Ковид-19, но, неговиот доктор
предупредува дека ситуацијата кај него била драматична во април.

Поранешниот
премиер на Италија излезе позитивен на тестирањето за Ковид-19, а беше на
болничко лекување во „Сан Рафаеле“ во Милано, откако се здоби со потешка фаза
на пневмонија, состојба која драматично му се влошила дополнително поради
вирусот, по што бил означен како пациент со висок ризик, овој месец тој ќе
наполни 84 години.

Професорот
Алберто Зангрило стави јасно дознаење дека Берлускони не бил на интензивна
нега, ниту имал кислородна поддршка меѓутоа признава дека вирусното
оптоварување на брисот на Берлускони бил толку ризичен што во март или април
немало да го има тој среќен исход каков што го има сега.

Веројатно
таквата состојба би донела смртни последици, а тој многу добро го знае тоа

изјави Зангрило.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×