Луис Суарез би
можел да биде присилен целата нова сезона да ја проследи од трибинскиот простор
откако преговорите за негов трансфер во Јувентус полека но сигурно одат во
сосема погрешна насока, барем така известуваат повеќе медиуми.
На уругвајскиот
напаѓач лично и директно од страна на новиот тренер на Каталонците, Роналд
Куман му беше посочено дека нема место за него во плановите во новиот проект на
клубот од „Камп Ноу“, по што Суарез почна преговори со италијанскиот првак.
33 годишниот
напаѓач остана изоставен од Куман во контролката со Химнастинг, меѓутоа
состојбата со преговорите со Јувентус можат на крајот да донесат исход од кој
веројатно најмногу губи Барселона.
„Спорт“ наведува
дека преговорите со Јувентус се во застој, и тоа најмногу поради тоа што
наводно Уругваецот „купува“ време за целосно да ги увиди сите потенцијални
опции кои ги има на маса.
Од Барселона имаа
и преговори со претставниците на Суарез околу можноста за предвремен раскин на
неговиот договор кој истекува идното лето, а од „Спорт“ додаваат и дека
Уругваецот не би имал ништо против да продолжи во дресот на Каталонците,
доколку Куман се предомисли по првичната одлука.