Гатузо револтиран: Наполи пристигна во Лисабон за контролка со Спортинг, па веднаш се врати дома

by
1 минути читање

Контролката
помеѓу Наполи и Спортинг Лисабон се одложи поради тоа што во португалскиот тим
беа регистрирани три позитивни случаи на Ковид-19, меѓутоа конечната одлука за
одлагањето падна откако тимот предводен од Џенаро Гатузо веќе одлета за
Лисабон.

Натпреварот беше
предвиден да се одигра вчера, меѓутоа само неколку часа пред истиот да започне
дојде до финална одлука истиот да се одложи, а донесе и голем револт во таборот
на Италијанците.

Според пишувањата
на „Тутоспорт“, веста дека во Спортинг Лисабон имало регистрирани три случаи на
Ковид-19 не стигнала до составот на Наполи дури тие не слетале на аеродромот во
Лисабон.

Шефот на
стручниот штаб на Наполи, Џенаро Гатузо бил посебно револтиран за залудно
потрошеното време во патување и подготовки за таа контролка, а секако со ова одлагање
пропадна и шансата за посериозен тест во пресрет на новата сезона.

Наполи, каде игра
нашиот Елиф Елмас, новата сезона во Италија ја стартува со дуелот против Парма,
инаку во подготовките најсилен противник со кого се тестираше беше Пескара од
Серија Б
, а истата контролка
ја доби убедливо со 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×