Анчелоти ја доби битката со Мурињо, старт со пораз за Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Евертон во второто полувреме го надигра Тотнем и сосема заслужено си оди со трите бода од Лондон.

Во првиот дел беше израмнето, Евертон прв можеше да поведе но Ришарлисон несфатливо лошо шутираше откако го помина и голманот Лорис.

Во финишот од првото полувреме Тотнем имаше две одлични шанси преку Деле Али и Доерти но и во двата наврати Пикфорд одлично интервенираше.

Второто полувреме комплетно му припадна на Евертон, Тотнем не создаде ниту една зрела шанса за гол.

Клучниот момент се случи во 55. минута кога Лукас Дињ центрираше од слободен удар, а Доминик Калверт Луин убаво со глава реализираше за водство и победа на Евертон од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×