152
Лестер беше подобар противник од Вест Бромвич, особено во второто полувреме кога тимот на Брендан Роџерс додаде гас и одлучно тргна кон постигнување на гол.
Резултатот беше отворен во 57. минута кога Кастањ одлично пратеше еден центаршут и постигна гол со глава за водство на Лестер од 1-0.
До крајот на мечот одбраната на ВБА наивно направи два прекршоци за пенал кои ги реализираше Џејми Варди за победа од 3-0.
Лош меч за тимот на Славен Билиќ кој во продолжението ќе мора многу подобро доколку сака и следната сезона да игра во Премиерлигата.