Откако
Холанѓанецот го превзеде кормилото на „каталонците“, низ медиумите има најразлични шпекулации за имињата
кои се на листата со желби на стратегот. Неговиот добар пријател, Сјак Сварт
сега отквира дека на списокот се наоѓа и Мохамед Салах.
„Знам дака Куман
го сака Салах, а знам и дека Салах сака во Барселона“ – вели легендата на Холандија.
Запрашан да го
открие изворот на оваа информација, тој само кратко додаде: „Не можам“.
Медиумите претходно
пишуваа дека Роналд Куман го сака Садио Мане како замена за Лео Меси. Сепак,
Аргентинецот останува, барем уште една сезона. Исто така, Ливерпул сигурно нема
лесно да се откаже од својата ѕвезда, а и „каталонците“ немаат финансиски
средства за реализирање на еден ваков трансфер.