Шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Ливерпул, Јирген Клоп признава дека е убаво
тоа што неговиот клуб се поврзува со Тијаго Алкантара, меѓутоа, од друга страна
тврди и дека нема никаков проблем околу прашањето со Џини Вајналдум и неговата
иднина на „Енфилд“.
За Тијаго се
верува дека веќе ги договорил личните услови со Ливерпул, па сега преостанува
Премиерлигашот да се договори со Баерн Минхен, што се однесува пак до
Вајналдум, за него се шпекулира дека е пред трансфер во Барселона.
„Доколку би можел
да додадам некој збор со што би ставил крај на сите шпекулации, мислам дека би
станал навистина многу богат, но, не можам да го сторам тоа, дали споменав дека
Тијаго е добар фудбалер? Да, го сторив тоа веќе, убаво е што не поврзуваат со
него, Ливерпул е голем клуб, сето тоа е убаво“ вели Клоп, а потоа се надоврза
за прашањето за Вајналдум, со што алудира на тоа дека Холанѓанецот ќе остане.
„Откако Џини е
тука ми се чини дека досега обавив петстотини или шестотини разговори со него,
секогаш остануваме на истото, немам што да додадам за ова, дали се е во ред со
него? Да, одлично е“ додаде германскиот фудбалски стратег..