Мурињо остана на своето: Сакам засилување во нападот, потребно ми е

by
1 минути читање

тотнем подолг
период се потпира на Хари Кејн во нападот, нема дилеми во тоа дека „Спарси“ го
имаат еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот, за што свесен е и
самиот тренер Жозе Мурињо.

Меѓутоа,
португалскиот фудбалски стратег уште еднаш, јавно порача дека потребен му е
дополнителен напаѓач во тимот, а за таа идеја јасно наведе дека не гледа како
алтернативна опција зад Кејн, туку нешто повеќе од тоа.

Јас освен што
сакам, туку и потребен ми е напаѓач, сакам јасно да ставам дознаење и тоа го
правам јавно, дека потребен ми е напаѓач, клубот добро знае за ова, исто така и
од клубот го делат истото мислење
“ вели Мурињо.

Дали ќе
ангажираме некој напаѓач? Верувам, искрено верувам во тоа, тимот мора да стори
одреден баланс во составот
“ додаде Португалецот кој подвлече ниту едно
засилување во нападот нема да биде сведено на идејата „алтернативна опција“ за
Кејн.

Тотнем новата
сезона во Премиерлигата ја стартува со мечот на домашен терен против Евертон,
предвиден да се одигра во недела со почеток од 18,30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×