Во 2016, Јувентус направи потрес во Калчото откако за рекордни 90 милиони евра го украде Гонзало Игуаин од Наполи со активирање на откупната клазула.
Аргентинецот имаше солидна прва сезона, но формата почна да паѓа во втората, па тој во сезоната 2018/19 најпрво беше испратен на позајмица во Милан, а потоа и во Челси.
Со доаѓањето на Маурицио Сари во Торино, Гонзало Игуаин се врати во Торино, но одигра под очекувањата. Тој не е дел од плановите на Андреа Пирло, па Јувентус реши да му плати за да си оди.
Голем број на извори пренесуваат дека двете страни си подале рака за прекин на соработката, Гонзало Игуоан ќе добие 4 милиони евра за збогум.
Напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во САД, во клубот на Дејвид Бекам и наскоро се очекува официјализирање на соработката со Интер Мајами.