Постојат најави
дека напаѓачот Луис Суарез по сите случувања изминатиов период на крајот би
можел да остане во Барселона, што значи дека Јувентус ќе мора да бара друга
опција на трансфер пазарот.
Самиот Суарез
имаше една збунувачка објава на социјалните мрежи во која напиша дека додека се
појавуваат лажни вести, тој само се смее, а Јувентус потрагата по напаѓач ја
продолжи кон Алваро Мората од Атлетико Мадрид, за кого наводно веќе понудил 50
милиони евра.
Во телефонски
разговор кој траел не повеќе од две минути, барем така се шпекулира, новиот
тренер на Барселона, Роналд Куман директно му посочил на Суарез дека може да си
бара нов клуб, од причина што не е во плановите на холандскиот фудбалски
стратег.
Како и да е, големиот
пресврт во ситуацијата со блискиот пријател на Суарез, Лионел Меси, би можела
во голема мера да помогне на крајот да остане и Уругваецот, за што „Мундо
Депортово“ веќе објави дека не постојат никакви гаранции дека искусниот напаѓач
ќе си замине.