Конте во Фулам има алтернативна опција за Канте

by
1 минути читање

„Скај Спортс“
пишува дека Интер го идентификувал фудбалерот од средниот ред на Фулам, Жан
Мишел Сери како алтернативна опција за Н
Голо Канте од Челси, дополнително, сосема разбирливо таа опција е многу
поевтина.

Шефот на
стручниот штаб на „Нероаѕурите“, Антонио Конте не крие дека има голема желба
повторно да соработува со Канте, токму Италијанецот го доведе на „Стемфорд бриџ“
по трансферот од Лестер.

Како и да е,
Челси не сака ниту да помисли да ја намали бараната цена за Французинот која
изнесува најмалку 50 милиони евра, што се чини како голем проблем за
италијанскиот прволигаш.

Сега, според пишувањата
на „Скај Спортс“, токму интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска е
алтернативна опција за Канте, ланската сезона тој ја мина во дресот на
Галатасарај на позајмица, во Лондон беше доведен по трансферот од Ница вреден
30 милиони евра, период во кој на големо се поврзуваше со можен трансфер во
Барселона.

Дополнително,
Сери би можел да биде достапен и за позајмица со опција за целосен откуп на
неговиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×