Капитенот на
Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг се чини дека ги финализирал преговорите со
клубот околу продолжување на соработката, а истите имаат позитивен исход, барем
така известуваат на Островот.
Актуелниот
договор на 31 годишниот Габонец истекува идното лето, а во таков случај би
можел да си замине без никакво обештетување, а од јануари би можел да преговара
со заинтересираните екипи.
Како и да е, „Атлетик“
известува дека напаѓачот веќе си подал рака со челниците на Арсенал и ќе
потпише нов, тригодишен договор со што би можел да стане најскапо платен
фудбалер во оваа екипа.
Месут Озил е во
моментов со најбогат договор со кој Германецот заработува 350,000 фунти
неделно, а Обамејанг би имал неделна заработувачка од 250,000 фунти, па со
оглед на големите најави дека Озил ќе си замине, Габонецот со самото тоа ќе
биде најскапо платен фудбалер во составот на „Топчиите“.
Обамејанг се
пресели во редовите на Арсенал во јануари 2018. година, по трансферот вреден 56
милиони фунти од Борусија Дортмунд, од тогаш па наваму Габонецот постигна 71
погодок во 110 настапи, што е одличен учинок.