Нема друго чаре, Реал ќе му плаќа на Бејл за да си оди од Мадрид

by
1 минути читање

Зинедин Зидан не
смета на Герет Бејл и на сите им е јасно дека играчот нема иднина на Сантијаго
Бернабеу но трансфер никако да се реализира. Реал сака да се ослободи од
неговата плата, 15 милиони нето годишно (30 милиони евра брути) но во исто
време ова преставува проблем, тешко дека некој клуб, особено сега во коронавирус
криза, ќе одвои ваква сума.

Последните
информации велат дека „кралевите“ ја разгледуваат опцијата да му платат на
Герет Бејл за да си оди ова лето.

Телеграф пишува
за формула со која шампионот на Шпанија ќе покрива половина од платата на Велшанецот
во новиот клуб
и тоа во следните две сезони.

Весникот ја
посочува Премиерлигата како дестинација, Тотнем и Манчестер јунајтед се
посочуваат како најсериозни кандидати, па останува да видиме што ќе се случи во
следните три-четири недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×