249
Милан ја доби трката по потписот на Тонали кој би требало да стане голем фудбалер. Иако има само 20 години, тој веќе има и три настапи за сениорската репрезентација на Италија.
Тонали фудбал почнал да игра во една од школите на Милан, а објави и на стори слика кога бил дете и го носел дресот на росонерите.
„Ова силни, прекрасни чувства. Пресреќен сум. Да играм во дресот на Милан за мене беше сон“, изјави Тонали за „Скај Спорт Италија“.
Милан за трансферот ќе плати прво 10 милиони евра за позајмица, па после уште 15 за комплетно да го откупи, и уште 10 милиони евра во бонуси. Бреша ќе има и 10 проценти од следниот трансфер на Тонали.