„Феноменот“ важаше за играч кој сака да се забавува, неговиот поранешен соиграч Иван Елгера неодамна изјави дека Бразилецот често знаел да излегува и раскажа како на една родендеска прослава во домот на Роналдо пристигнал автобус полн со девојки.
Во разговор со Хорхе Валдано, Роналдо се присети на тие денови, вели дека овие приказни се повеќе легенди отколку реалност.
„Понекогаш знаев да пратерам со забавите, но не беше секогаш така. Секогаш бев одговорен и се обидував да не го повредам моето тело. Да, откако ќе победевме сакав да прославам… и бидејќи постојано победувавме, тоа беше проблем!“ – вели Бразилецот со насмевка на лицето.
Флорентино Перез сакал да го стави во ред Роналдо, па луѓе од неговото обезбедување стоеле пред вратата, но „феноменот“ и на нив им бегал.
За родендеската забава, тој додава: „Ќе остане во историјата како најпозната, долго ќе се зборува за автобусот“.
„Тоа беа спектакуларни времиња, секогаш сум велел, Реал Мадрид и Мадрид се најдобра комбинација на клуб и град