Темата со Месут
Озил и Арсенал е доста интересна на Островот, Германецот иако за момент се
врати во својата посакувана форма, сепак по рестартот на изминатата сезона беше
целосно изоставен од својот тренер Микел Артета.
31 годишниот
фудбалер од средниот ред има важечки договор со Арсенал до идното лето, а од
Лондон мака мачат како да се ослободат од вишокот во составот, конкретно токму
Озил кој има голема плата во тимот, меѓутоа, како и да е, тој имаше мошне
интересна реакција на социјалните мрежи.
„Прашајте го
Месут“ е отворена тема на „Твитер“ на што Германецот одговара на прашањата, а
тој доби доста интересно прашање во кое беше запрашан, доколку одбере помеѓу
пензионирање и Тотнем, што би било негова финална одлука.
„Доколку не сакам
да освојам куп, би заминал таму“ одговори Озил.