Трансферот на
Луис Суарев во Јувентус е на чекор до комплетирање. Со денови се пишува дека
Уругваецот има постигнато согласност со „бјанконерите“ за тригодишен договор и
плата од 10 милиони евра по сезона.
Последните
извештаи велат дека Јувентус и со Барселона си подал рака. Новинарот Танкреди
Палмери вели дека начелно е постигнат договор за зделка од 3 милиони евра, плус
додатни 13 милиони евра во бонуси, од кои пола се лесно остварливи, а половина
се потешко остварливи и ќе зависат од Лигата на шампиони.
Сега останува
уште да се договори компензацијата која Барселона ќе му ја исплати на Луис
Суарез. Уругваецот има уште една година од договорот, со опција за 2022 (доколку одигра 60% од натпреварите). Тој на
„Камп Ноу“ има плата помеѓу 15 и 20 милиони евра, па очекува Барселона да му исплати
одредена сума за да се надополни разликата.
Откако ќе се испеглаат
овие детали, ќе остане само бирократкската пречка, односно Луис Суарез да ги положи тестовите и да добие италијански пасош за и официјално да стане нов
фудбалер на Јувентус.