Мендеш на Јувентус му го нуди Траоре

by
1 минути читање

На италијанскиот
првак Јувентус му е понуден фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре, и тоа
лично од агентот Жорж Мендеш, пренесува „Калчомеркато“, меѓутоа со не баш ниска
цена за офанзивецот.

Новиот тренер на
„Старата дама“, Андреа Пирло јасно посочи дека приоритет му е да игра во
формациска поставеност од 4-3-3, а во Италија веруваат дека Траоре е одлична
идеја на десната страна во триото од нападот.

Се верува дека
Траоре би можел да го замени Даглас Коста кој е во преговори со Манчестер
јунајтед, меѓутоа, доколку е заинтересиран за потписот на 24 годишниот Траоре,
од Јувентус ќе мораат да издвојат цели 70 милиони евра.

Траоре ланската
сезона ја одбележа со шест погодоци и 12 асистенции во 54 настапи за
Вулверхемптон, а иако со продажбата на Коста и евентуално Бернардески би можел да
дојде до некоја добра сума на заработка, од Јувентус ќе се соочат со силна
конкуренција за Траоре, и тоа во Манчестер Сити и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×