166
По десетина дена
неизвесност, Лео Меси во петокот стави крај на сите гласини и пренесе дека
останува на Камп Ноу. Напаѓачот не сака на суд, па со оглед на тоа дека
Барселона не сака да го продаде за помалку од 700 милиони евра, тој ќе ја
одработи последната година од договорот.
Напаѓачот денеска
се врати на тренинг, пристигна час ипол порано во тренинг комплексот.
Лео Меси работеше индивидално, според протоколот на Ла Лига мора да има негативен тест на
коронавирус за да може да тренира со останатиот дел од тимот.