Од Сити и Јунајтед изразија револт поради скандалот кој го предизвикаа Фоден и Гринвуд

by
2 минути читање

Манчестер јунајтед и Манчестер Сити јавно го искажаа револтот и разочарувањето од скандалот кој го сторија во националниот состав на Англија, двоецот од тие екипи, Мејсон Гринвуд, односно Фил Фоден, кои ги прекршија протоколите за заштита од Ковид-19 со што „шверцуваа“ девојки во хотелот каде беа сместени.

Девојките кои Фоден и Гринвуд ги „шверцуваа“ во хотелската соба

Двоецот веќе дебитираше во сениорска конкуренција за селекцијата на „Гордиот албион“ во минималната победа кај Исланд во Лигата на нации, меѓутоа приредија големо разочарување кај јавноста на Островот која силно го осуди овој скандал и недолично однесување.

Разговорот во кој Фоден и Гринвуд ја договараат средбата

Во соопштението кое за јавноста го објави Манчестер јунајтед, се вели дека од таму се максимално разочарани од однесувањето на нивниот фудбалер Гринвуд, кој играше во одлична форма ланската сезона со што сосема заслужено го заработи повикот од селекторот Герет Саутгејт.

На Островот објавија дека од „Олд трафорд“ ќе ги сочекаат сите детали и факти пред да преземат дисциплинска постапка против 18 годишниот фудбалер, за кого наводно немало да има потреба од дополнителна изолација.

Манчестер јунајтед е на иста бранова должина со Фудбалската асоцијација, разочарани сме од однесувањето на Мејсон Гринвуд околу оваа ситуација“ стои во дел од соопштението на Манчестер јунајтед.

Разочарувањето е огромно и во Манчестер Сити, од таму однесувањето на Фоден го нарекоа целосно неприфатливо и несоодветно.

Манчестер Сити е загрижен поради приказната која јавноста ја дозна, а се однесува на случувања во англиската фудбалска репрезентација, а е поврзана со Фил Фоден, ги видовме и коментарите на селекторот Саутгејт, јасно е дека однесувањето на Фоден е целосно неприфатливо и несоодветно, тука не станува збор само за директно непочитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, туку, исто така е под стандардите на однесување на било кој член на Манчестер Сити, како и англиската репрезентација, клубот целосно ја поддржува Фудбалската асоцијација во поглед на овој инцидент“ се вели во соопштението на  „Граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×