Селекторот на
најдобрата италијанска фудбалска репрезентација, Роберто Манчини ја презеде
одговорноста за тоа што Џорџо Кјелини остана на клупата за резерви на
синоќешниот меч, и тоа се случило поради негова голема грешка.
Местото на
Кјелини сосема случајно го зазеде Франческо Ачерби во почетниот состав на „Аѕурите“,
а тоа донесе големо изненадување за пошироката фудбалска јавност која брзо
увиде дека капитенот е изоставен.
„Тоа беше моја
вина, тие ми го покажаа почетниот состав, во тие моменти не ги носев очилата на
себе, само потврдив дека е во ред, воопшто не увидов дека Ачерби стартува на
местото на Кјелини“ објасни Манчини кој вети дека во понеделник за пресметката
со Холандија Кјелини ќе биде стартер.
„Како и да е, ние
првично имавме план Ачерби да го одигра едниот, а Кјелини другиот меч, го
прашав Кјелини дали сака да игра на првиот, тој ми потврди, сега ќе мораме да
менуваме, но, замислата беше таа“ додаде тој.